Фудбал
4. February 2023 - 20:32

АБА лига: МЗТ Скопје славеше против Ц.Олимпија

Убава победа за МЗТ Скопје во АБА лигата и тоа против фаворизираната Цедевита Олимпија оде 79-74. 
Македонскиот првак убаво го отвори натпреварот со водство од 6 поени и навести изненадување откако првиот дел го заврши со предност од плус шест (41-35) иако на моменти имаше и двоцифрено водство. 
Сепак во финишот од средбата гостите беа во налет и 
израмнија  на 64-64. И кога Словенците навестија пресврт МЗТ со серија  10-2 и поведе со 74-66 на нецела минута до крајот, и извојува победа. Деандре Кук ја заврши средбата со  со 26 поени. Војдан Стојановски, имаше 18 поени со шест скока, додека двоцифрен беше и Мајк Кафи со 12 поени.
Следен јадрански предизвик за МЗТ Скопје е тимот на Морнар, на кој ќе му гостува следниот петок.