-->
-->
АБА лига: МЗТ Скопје поуспешен од Металац
-->
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го остварија првиот триумф во новата сезона од АБА лигата, откако синоќа во СЦ „Јане Сандански“ убедливо го совладаа тимот на Металац со резултат 93:67.
Македонскиот шампион решавачката предност ја направи во втората четвртина која што ја добија со резултат 24:14, а на полувреме замина со 13 поени позитива. Третиот период донесе израмнета игра на двете страни, додека последниот период МЗТ Скопје успеа повторно да го добие со двоцифрена разлика 28:16.
Најефикасен играч на натпреварот беше Ѓорѓе Дреновац со 17 поени, а голем удел во победата на МЗТ имаа и Марко Љубичиќ со 16, Дамјан Стојановски со 14 и Марко Луковиќ со 14 постигнати поени.
Кај Металац Фармаком, Душан Кутлешиќ со 11 поени беше единствениот играч со двоцифрен број на поени.
Македонскиот шампион денеска патува за Белград, каде што утре од 21 часот го игра натпреварот од 3.коло со екипата на Партизан.
По некомплетното 2.коло МЗТ Скопје Аеродром е на 4.место со една победа и еден пораз, а на врвот се Црвена звезда и Цедевита со по две победи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива