Кошарка
19. October 2015 - 8:13

АБА лига: МЗТ Скопје победи во Никшиќ

Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром ја постигнаа првата гостинска победа оваа сезона во АБА лигата. Тие синоќа на гостувањето во Никшиќ ја совладаа Сутјеска со 77:68 (21:21; 18:11; 17:19; 21:17).
 
Ова е вкупно трета победа за „металците“ по шест одиграни кола. Победата е сосема заслужена, бидејќи нашиот шампион водеше во текот на целиот натпревар. Најефикасни кај МЗТ Скопје беа Данило Мијатовиќ со 18 поени и Дамјан Стојановски со 15.
 
На другите натпревари од ова коло беа постигнати следниве резултати: Задар – Тајфун 73:67, 
Цибона – Партизан 63:57, 
Крка – Металац 70:75, 
Будуќност – Цедевита 76:66, 
Црвена Звезда – Олимпија 73:77.
 
Вечер играат Мега Лекс и Игокеа.
 
Табела: Будуќност 5-1 (победи-порази), Црвена Звезда 4-2, Олимпија 4-2, Цедевита 4-2, МЗТ Скопје Аеродром 3-3, Металац 3-3, Игокеа 3-2, Мега Лекс 3-2, Партизан 2-4, Задар 2-4, Цибона 2-4, Тајфун 2-4, Крка 2-4, Сутјеска 2-4.