-->
-->
АБА лига: МЗТ Скопје ја пречекува Мега
-->
Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром со натпреварот против Мега Лекс ги завршува настапите во АБА лигата за 2015 година.
Гостите од Сремска Митровица на овој дуел влегуваат како фаворити и поради пласманот на табелата и поради најновото засилување со искусниот Борис Савовиќ.
Од друга страна аеродромци се во серија од три победи. По доаѓањето ана Александар Јончевски на тренерската позиција на местото на Алеш Пипан, „сино-белите“ не знаат за пораз.
Евентуален триумф за МЗТ ќе значи пробив на петтата позиција и доближување до ривалот на само две победи.
Успех за Мега ќе значи голем исчекор кон освојување на четвртото место кое обезбедува полуфинале.
Натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Мега Лекс од 17.коло на АБА лигата ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 18 часот.
Постигнати резултати на досега завршените натпревари:
Металац – Сутјеска 84:78,
Цедевита – Крка 70:60,
Тајфун – Црвена звезда 63:73,
Партизан – Игокеа 66:73.
Покрај средбата во Скопје, денеска уште играат Задар – Будуќност.
Последниот натпревар за оваа година во АБА лигата е закажан за утре меѓу Олимпија и Цибона.
Табела: Будуќност 14-2 (победи-порази), Цедевита 14-3, Црвена звезда 13-4, Мега Лекс 10-6, Крка 8-9, МЗТ Скопје 7-9, Задар 7-9, Тајфун 7-10, Металац 7-10, Унион Олимпија 6-10, Цибона 6-10, Игокеа 6-11, Партизан 6-11, Сутјеска 5-12.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Џо, отпуштен си“ - објави Трамп и му забрани на Бајден пристап до класифицирани информации
-
Најмлад до 1.000 тројки во НБА: Едвардс го собори рекордот на Букер
-
Хорнер останува во Ред Бул до 2030 година
-
Енрике го продолжи договорот со Пари Сен Жермен
-
Мемфис Депај осуден на 4 месеци затвор
-
Александар-Арнолд може да го пропушти дербито против Евертон
-
Натписот на УСАИД симнат од влезот на седиштето на агенцијата во Вашингтон
-
Трамп: Можна е средба со Зеленски следната недела, сакам да разговарам и со Путин