АБА лига: МЗТ поразен од Сутјеска

Кошаркарите на МЗТ Скопје се поразени со 91:79 на гостувањето кај Сутјеска во Никшиќ, резултат по кој е сигурно дека поранешниот македонски шампион ќе го заземе третото место во втората лига на АБА пред стартот на плеј-офот за враќање во првата.
Ова доаѓа откако нивните ривали за второто место, Сараево Спарс ја забележаа и осмата победа во низа, од 79:66 над словенечкиот Домжале.
„Металците“ имаа лош старт на мечот, губејќи ја првата четвртина со 30:21, за на полувреме разликата да зголеми на дури 16 поени (54:38). Лошата игра продолжи и во второто полувреме, пред МЗТ да има фантастичен финиш на натпреварот, кој сепак, не беше доволен за победа во Црна Гора.
Бојиќ беше најефикасен за МЗТ со 18 поени, Вудард додаде 17, а Соколов и Дамјан Стојановски имаа по 10. За домаќините Павличевиќ уфрли дури 28 поени.
МЗТ се на третото место на табелата со скор од 14-7, зад второпласираните Сараево Спарс (16-5) и лидерите Приморска (19-1).
Ново на Сител
-

Успение на Пресвета Богородица – Стотици верници се собраа во манастирот кај Матка
-

Мицкоски: Нема да се откажеме од градење дата центри во Македонија
-

28 август - Ден на рударите
-

Рударството како дел од зелената транзиција
-

Мицкоски: За 2 години Владата создаде 17 илјади нови работни места - повеќе од владите на СДСМ за 7 години
-

ЦУК: Регистрирани 11 пожари на отворено - 7 се активни, а 3 под контрола
-

Eпилепсија, вртоглавици, моторни оштетувања: Симптоми на пост-западнонилски синдром
-

Преглед на вестите од светот
