Кошарка
10. April 2017 - 21:51

АБА лига: Ц.Звезда поведе со 1-0 против Цедевита во финалето

Кошаркарите на Црвена Звезда со победа на домашен терен вечерва го почнаа финалето на АБА лигата против Цедевита. Бранителот на трофејот Црвена Звезда дуелот го доби со 81:66 (16:27; 29:17; 21:10 и 15:12).
Гостите од Загреб подобро го почнаа натпреварот и во финишот на првиот имаа предност од 15 поени (26:11). „Црвено-белите“ до пресврт стигнаа во 16 минута кога поведоа со 31:30, а потоа имаа водство до крајот на натпреварот.
Чарлс Џенкинс од Црвена Звезда со 20 поени беше најефикасен на натпреварот. 
Финалето се игра во серија подобар од пет (до три победи), а финалниот натпревар број 2 се игра утре исто така во Белград.