-->
-->
АБА лига: Црвена Звезда пресилна за МЗТ Скопје
-->
Екипата на МЗТ Скопје Аеродром го претрпе 13. пораз во АБА лигата откако вечерва на гостувањето во Белград загуби од Црвена Звезда со 92:79. Резултат по четвртини: 29:18; 19:22; 30:13; 14:26.
Во текот на целиот натпревар, шампионот на ова натпреварување Црвена Звезда имаше постојано водство, а на полувремето беше 48:40. Третиот период кошаркарите на македонскиот првак го одиграа најслабо и „црвено-белите“ имаа и +25 позитива (78:53). Во последната четвртина „металците“ успеаја да го ублажат поразот.
Маик Цирбес од Црвена Звезда со 28 поени и 11 скокови беше најдобар на теренот, додека Урош Луковиќ со 20 поени беше најефикасен кај МЗТ Скопје.
Резултати на другите натпревари од 22.коло: Задар – Металац 88:72, Крка – Игокеа 74:64, Будуќност – Партизан 78:65, Олимпија – Тајфун 77:69, Цибона – Сутјеска 93:76 и Мега – Цедевита 100:93.
Табела: Будуќност 20-2 (победи-порази), Цедевита 16-6, Црвена Звезда 16-6, Мега 15-7, Цибона 10-12, Задар 10-12, МЗТ Скопје Аеродром 9-13, Олимпија 9-13, Игокеа 9-13, Партизан 9-13, Крка 9-13, Металац 8-14, Сутјеска 7-15, Тајфун 7-15.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада
-
Најмалку тројца загинати во експлозија на киоск во Дизелдорф
-
ОЈО Скопје прибавува и анализира докази за Палчо, истрагата за останатите петмина осомничени во завршна фаза