-->
-->
АБА: Будуќност подобар од Игокеа
-->
Лидерот Будуќност ја победи Игокеа со 89:74 синоќа во Подгорица во дуел со кој се комплетира 24.коло од регионалната кошаркарска АБА лига.
Црногорскиот шампион ги доби сите четвртини, а повторно најзаслужен за победата беше Тадија Драгичевиќ со 20 поени.
За Будуќност ова беше 22.победа со што го потврди првото место на табелата, додека Игокеа со 15.пораз се најде во групата од четири екипи (меѓу кои е и МЗТ Скопје Аеродром), кои заедно со двете последни екипи Сутјеска и Тајфун, ќе се борат за опстанок.
Пласман во разигрувањето за титулата обезбедија Будуќност, Црвена звезда, Цедевита и Мега Лекс.
Во АБА лигата следува пауза од десетина дена, а претпоследното коло ќе биде отворено на 26 февруари со дуелот во Скопје меѓу МЗТ и Тајфун.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Интервентни мерки во вторник за поевтина храна, најави премиерот
-
Најави за странски инвестиции
-
Полициските контроли резултираа со намален број на интервенции на сообраќајки на Брзата помош
-
Тошковски: Селективната примена на закони ја загрозува правдата
-
Мицкоски: Победуваме на локални, имаме предност од 4:1
-
Мицкоски бара јавен притисок за промени во Судскиот совет
-
Украдени електрониката и каблите од новиот водовод на Трескавец, пуштањето во употреба одложено за март
-
УГД со бесплатни часови за матурантите по математика, физика, хемија и биологија