Кошарка
6. February 2020 - 20:01

АБА 2: МЗТ загуби од Широки Бријег

Единствениот македонски претставник во АБА кошаркарската лига  МЗТ Скопје е поразен од Широки Бријег на гостински терен со 89-77 што е трет пораз во серија  за македонскиот претставник во второто по вредност регионално натпреварување.
Уште на крајот од првото полувреме домашните имаа опиплива предност од  8 поени што во вториот дел знаеше да го претвори во победа предводени од Дрезњак кој забележа 20 поени.
Кај „Металците “ се истакна Хиндс со 18.