АА: Тетово стана опасно место за живеење

Настанот со петгодишното дете повредено поради кучиња скитници од Алијансата за Албанците на денешната прес-конференција истакнаа дека Тетово стана опасно емсто за живеење.
Според нив, овој случај докажува дека Тетово станало опасно место за живеење, како последица на неодговорноста, криминалот, корупцијата и лошото менаџирање на претставниците на локалната и централна власт.
– И ако ги прашате за овој случај, тие повтортно ќе го третираат како инцидент, судбина или природна катастрофа. За да ова не биде доволно, кога детето било пратено во болница, кажано им е дека немаат вакцини против беснило, последователно семејството било приморано да заминат за Скопје, во тамошниот клинички центар. Градот Тетово, не само што не е безбеден за живеење, нема ниту ефикасно здраство за да помогне. Нема безбедни училишта, исто така од неодамна сме сведоци дека во опасност се и куќите, дворовите и населбите. И после сето ова, ние не можеме да бараме одговорност од тие што не поднесоа одговорност ниту за 14-те изгубени животи, истакна Абдула Османи од Алијанса за Албанците.
Ново на Сител
-

Туск: Орбан е решен да продолжи да ја блокира помошта за Украина
-

Захарова: Нападот врз иранското пристаниште Бандар-е Анзали ги погоди економските интереси на Русија
-

16-годишник со пиштол се заканувал на свој врсник по расправија за девојка
-

Четири мотоцикли изгореле во пожар во Прилеп
-

Велосипедист повреден во сообраќајна незгода на излез од бензиска
-

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам
-

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите
-

СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат
