АА: Синот на Рамиз Мерко си купил „БМВ“ од 150.000 евра
Среќна 2023 година…!
Додека ние, обичните граѓани, пренесуваме пораки на ЧЕСТИТКИ и РАДОСТА во чест на новогодишните и божичните празници, членовите на семејството на “БЕРМУДСКИ ТРИАГОЛНИК” - од Струга, на стружаните Среќна Нова 2023 година му ја честитаа со своите автомобили, новите модели од 2023 година, кои може да чинат од 130.000,00 евра до 150.000,00 евра.
За да се купува таков автомобил од работник со просечна плата од 400,00 евра, истиот тој треба да работи од 27 до 33 години. Препотенцијата на луксот што синот на градоначалникот им ја покажува на стружани со нов автомобил кој чини можеби околу 150.000.000 евра, сам по себе говори за целите и перспективата што неговиот татко му донесе на Струга.
За да се знае колку е деградирана една власт, доволно е да се погледне како живеат нивните наследници, кои без ниеден ден работа во животот му кажуваат на обичниот граѓанин колку се богати и силни, - чиста МИЗЕРИЈА и ДЕГРАДАЦИЈА -.
Па драги почитувани стружани, Среќна Нова 2023 година и..., да се освестиме и да го прекинеме неоправданото богатење на околу 5 лица на сметка на 50.000 стружани, и на штета на Струга.
Уште колку...?
#ПРОМЕНИ
#ПРАВДА
#ОТЧЕТНОСТ
Алијанса за Албанците - Огранок Струга
Ново на Сител
-
Голем руски ракетен напад врз Украина
-
Состојба на патиштата
-
Сончево и ветровито, локално пороен дожд и грмежи кон крајот на денот
-
Силно невреме ја зафати Хрватска | ВИДЕО
-
Скопјани нападнале и ограбиле маж на Камени мост
-
52 годишен скопјанец со пиштол и нож ограбил продавница, при бегање паднал и завршил во болница
-
Кривична пријава за родители од Штип - Ги заклучиле децата во автомобил и отишле во казино
-
Полицаец и германски политичар избодени со нож сред плоштад во Мајнхајм, Германија | ВИДЕО