АА: Охридскиот договор направи промена во земјата
Охридскиот договор е документот што направи промена во земјата и имаше за цел да ја промовира еднаквоста меѓу народите и развојот на земјата и нејзините граѓани. За овој документ многу млади мажи и жени ги жртвуваа своите животи, многу населени места беа тешко оштетени и се уште ги чувствуваат последиците.
Денес, 21 години од потпишувањето на овој договор, целта се уште не е постигната во ниту еден од столбовите на овој документ, додека во некои од нив имаме и уназадување. Правична и соодветна застапеност не само што не е постигната, туку е пренасочена и заменета со партиско претставување на високи и клучни функции за системот. Денес не само што не постои еднаквост меѓу народите, туку нема и индивидуална правда за граѓаните. Во економската сфера не само што е зголемена сиромаштијата, туку се продлабочи и дискриминацијата во распределбата на буџетот по етничка основа. Албанците денес имаат финансиски проблеми, додека само тие од власта станаа милионери. Неспроведувањето на Охридскиот договор и неговиот дух доведе до зголемување на криминалот и корупцијата, главно на штета на албанскиот граѓанин.
За појасно да се разбере неуспехот на владите од овие две децении, раководени од ДУИ, доволно е да се потсетиме дека дете родено во 2001 година, денес на 21 година возраст го прекинува учењето и ја напушта државата, тргнувајќи по патот во печалба. Многу негови врсници се деца на загинати борци кои се жртвуваа за овој договор, а многу жени коишто оттогаш останаа без сопружници денес ги испратија и своите синови.
21 години по потпишувањето на Охридскиот договор, владејачката партија ДУИ се фали со миграцијата на младите и малкуте инвестиции на приватните бизнисмени, обидувајќи се да им го украдат трудот и нивното пожртвување.
Алијанса за Албанците
Ново на Сител
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам
-
Преглед на вестите од светот
-
Експерти: Одговорноста за правосудството треба да се бара во индивидуалните постапки на дел од судиите
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Амбасадорите подготвени да соработуваат со Мицкоски за судските реформи
-
Советот на обвинители не сака распуштање, Мицкоски вели срамно е да се има доверба од 2%
-
268 матуранти паднаа на државната матура
-
Кој ќе одговара за скапо платените и некористени акцеларатори за малигно болни кои ќе завршат во отпад?