АА: Одлуката на Судот во Стразбур е надеж за правда во земјава
Одлуката на Судот во Стразбур, со која конечно се поништува аболицијата на поранешниот претседател, Ѓорѓи Иванов, е голема победа за надежта за правда во нашата земја. Оваа одлука уште повеќе ја зајакнува нашата определба во битката против криминалот и неправдата, ја враќа надежта кај граѓаните и силно удира врз сите оние кои се надеваа и се обидоа да се пазарат со правдата во интерес на криминалците и корумпираните.
Граѓаните и јавноста треба да бидат подготвени и за реакцијата на структурите и поединците кои се погодени и сега се загрозени од одлуката и од нашата борба за правда.
Преземањето одговорност во секторот за правда од страна на АА, без хипотеки на ВМРО, предупредувањето за спроведување на ветингот, формирањето на Бирото за конфискација на криминален имот и генерализацијата на заплената на криминалните имоти, со право создаде паника во редовите на криминализираните партии.
Во последните обиди за спас, структурите блиски до поранешниот режим на Груевски, Мијалков и нереформираната ВМРО, како и другите криминални структури блиски до нив, ќе го зголемат интензитетот на напади, клевети и манипулации. Но, и овој, како и многу други обиди, ќе пропадне и на крајот правдата ќе победи.
Ново на Сител
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Тема на денот со проф. д-р Биљана Ангелова, актуелен и кандидат за нов ректор на УКИМ
-

Охридскиот кеј со двете пристаништа конечно ќе добие нов лик
-

Фондација Елеуса обезбеди Велигденски пакети за 220 семејства во социјален ризик
-

Македонката Мартина Димоска дел од поддршката на Артемис 2 сведочи за очекувањата во НАСА
-

Владата со пакет мерки спречува раст на цената на горивата
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Јотова подготвува офанзива во Брисел против укинувањето на ветото во ЕУ
