Македонија
12. February 2025 - 16:22

87-годишна жена измамена за 6 илјади евра

На 11.02.2025 во 13.10 часот во СВР Скопје, 87-годишна жена од Скопје пријавила дека на 10.02.2025 била измамена од едно машко лице за сума од 6000 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка во Канада предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете и доколку не сакала таа да лежи во затвор требало да плати. 

Како што е пријавено, парите ги оставила на претходно договореното место. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.