8.000 работници од просветата добија трајно вработување, заклучно со месец јули
Од договор на определено во решение за трајно вработување. За седум месеци, 900 работници во образованието добија решение за неопределно.
По две години работа на времено ангажирање, волонтирање или авторски договор, со Законот за трансформација во редовен работен им се решава животното прашање на овие лица.
Министерството за образование овој проблем го третира четири години пред да биде донесен законот. Заклучно со јули доделени се 8000 решенија за трајно вработување на работниците во образованието.
-На овој начин се обезбедува зголемена сигурност, гаранција и зголемен мотив за работа на сите луѓе кои добиле решение за трајно вработуавње, во рамки на образованиот систем, независно дали станува збор за вработени во рамки на педагошкиот процес или административно стручен кадар кој помага во реализацијата на активности на МОН, изјави заменик министерот за образование Спиро Ристовски.
Паралено со трансформациите, течат и градежните активности и реконструкции на училиштата во земјава.
Летниот период интензивно се работи на подобрување на образованта инфраструктура. Заменик министерот денеска беше во посета на Браќа Миладиновци во општина Илинден за чие реновирање беа одвиени 11 милиони денари.
-

Весна Ќуксановиќ
Сите содржини од овој новинар
