Македонија
18. September 2015 - 17:23
80% од новиот цевковод за вода веќе изграден
Оптимистички проценки имаат надлежните институции дека доградбата на новиот водоснадбителтен систем за Тетово ќе биде завршен според предвидениот рок. Поставени се најголемиот дел од 8 километри цевковод од планински реки во правец кон Тетово.
Во зависност од исправноста на водата дополнителните количини ќе бидат вклучени во водоводната мрежа. Започнати се пророцедурите за градба и на филтер станица.
Поради недостигот на вода за пиење во Тетово моментално комуналното претријатие спроведува шестчасовни рестрикции во водоснабдувањето.
-

Александар Самарџиев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
