Македонија
7. February 2025 - 16:17

80-годишна жена од Скопје измамена за сума од 615.000 денари, и кажале дека нејзината ќерка прегазила дете

На 06.02.2025 во 11.00 часот во СВР Скопје, 80-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 615.000 денари.

Според пријавеното, лицето телефонски ѝ се јавило и се претставило како полициски службеник кој работел во Германија, каде живеела и нејзината ќерка, и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете кое починало и доколку не сака таа да лежи во затвор, требало да плати. Како што е пријавено, таа подигнала пари од банка и ги оставила на договореното место, а подоцна откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.