80 годишен старец од Маково претепан до смрт со стап
Со убиство заврши жестока расправија за политичките случувања во државата меѓу двајца жители на мариовското село Маково. Настанот се случил вчера попладне пред селската продавница, каде по неколку испиени чашки ракија, почнала кавга меѓу 80 годишни Ристе Стојановски и 53 годишниот Раде Ристевски.
Според неофицијален полициски извор, старецот ја бранел работата на специјалното јавно обвинителство, што го разлутило Ристевски и со овчарски стап почал да го удира Стојановски по главата, нанесувајќи му смртни повреди. Очевидец бил сопсвеникот на колонијалот во Маково, но настанот го гледал од далеку и не слушнал за што се расправале двајцата соселани.
- Околу 13 часот идев да ја отворам продавницата, само што излегов на улица, видов дека со стап го удираше човекот. Му свикав, Раде осави го, го отепа човекот. Побарав помош од соседите, но на сите им беше страв, никој не дојде, рече Ристе Трајквоски, сопственик на селската продавница во Маково.
Претходно, убиецеот бил во домот на убиениот и заедно се упатиле кон селската продавница. И синот на старецот гледал како Раде го тепа татко му но не се осмелил да се доближи. Откако го истепал старецот, Раде Ристевски ги издупчил гумите на џип што било паркиран во близнина на куќата на Стојановски.
- Татко ми дојде пред продавницата и го отепа. И мене ми се закануваше, ама јас одма избегав. Потоа ги издупчи сите гуми на еден џип и ме праша дали џипот е на некој мој гостин, рече Симче Стојановски, синот на убиениот Ристе.
Раде Ристевски бил поранешен осуденик и одлежал затворска казна за обид за убиство, но и по излегувањето сеел страв меѓу десетината жители на Маково.
- Мене многупати ме имаше истепано и ми се закануваше, „немој да ме пријавуваш оти ќе те отепам и ќе ти ја уништам фамилијата“, вели сопсвеникот на колонијалот Ристо Трајковски.
Од полицијата тврдат дека мотивите за убиството се непознати и велат дека ниту осмничениот, ниту сослушаните сведоци, не кажале дека двајцата соселани се расправале за политика.
- По настанот повредениот од страна на екипа на Итната медицинска помошм бил пренесен во Клиничката болница во Битола на одделението за интензивна нега и реанимација, каде е констатирана коматозна состојба без знаци на дишење. Бил реанимиран, но истиот починал“, рече Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.
Осомничениот Раде Ристевски е приведен и против него е поднесена кривична пријава за убиство.
-
Методија Куновски
Сите содржини од овој новинар
