71-годишник починал по несреќа со трактор

На 08.06.2026 во 10:09 часот во Полициската станица Виница, лекар од Итна медицинска помош пријави дека кај нив со повреди здобиени при несреќа со трактор бил донесен В.А.(71) од с.Драгобраште, виничко, кој им подлегнал на повредите и покрај укажаната лекарска помош и извршена реанимација.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани увидна екипа на ОВР Виница извршила увид на местото.
Притоа, било констатирано дека на 06.06.2026 во вечерните часови на локален пат во с.Драгобраште В.А. излетал од патот со тракторот кој го управувал, по што заминал дома без да побара лекарска помош.
На 08.06.2026 околу 09:00 часот неговиот син го однел во болницата во Виница за укажување лекарска помош, од каде што бил препратен во болницата во Кочани, но по кратко време му се слошило и од екипа на Итна медицинска помош Виница бил направен обид за реанимација, но тој им подлегнал на повредите.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, соопштија од МВР.
Ново на Сител
-

Со 300 милиони денари Државна лотарија ги спонзорираше настаните за 35 години независна Македонија
-

Тема на денот со Кирил Барбареев, универзитетски професор
-

5,5 милиони евра за 35 години независност
-

Опозициските партии со остри реакции за потрошените пари за прославата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Немало комуникација со ДУИ за избори
-

Болните од рак повторно останаа без дел од терапијата - надлежните уверуваат дека лекот ќе го има утре
-

Шестмина хоспитализирани со западно-нилска треска на Инфективна, двајца во тешка состојба
-

Дејан Јованов излегува од притвор на 3 октомври, судот ќе му определи мерки на претпазливост
