70 прекршоци кај возила кои превезуваат ученици
На 11.03.2022 во периодот од 06.00 до 10.00 часот, во рамки на утврдените приоритети за подобрување на јавната безбедност, особено помеѓу учениците во училиштата и во јавниот превоз, како и почитување и доследно спроведување на законите, на целата територија на државата беше спроведена акциска контрола на 135 локации, во која учествуваа сите сектори за внатрешни работи.
Притоа биле исконтролирани 148 возила кои вршат јавен превоз на деца кон училиштата, при што биле констатирани 70 прекршоци кои произлегуваат од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Законот за возила, Законот за заштита на населението од заразни болести и сл.
За време на контролата на подрачјата на сите сектори за внатрешни работи биле легитимирани 236 полнолетни средношколци, а извршени се 1.234 прегледи кај ученици, во однос на почитување на Законот за оружјето, Законот за правда на детето и Кривичниот законик.
По документирање на случаите, против сите одговорни лица кои сториле било каков прекршок или кривично дело ќе биде поднесена соодветна прекршочен или кривичен поднесок.
Ново на Сител
-
Швајцарска олимпијка загина во лавина
-
Украинецот Горига уште една сезона во Вардар 1961
-
Тајните на добро политичко интервју | Васко Ефтов | Неформално | Sitel Podcast 076
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Градот Скопје демантира
-
Пакетчиња со поминат рок
-
Кочани: Со „југо“ влетал во кафеанска маса, а потоа со нож го ранил познаникот
-
Пукање во Чаир - Се расправале во работилница па едниот почнал да пука во другиот