-->
-->
69-годишник од Грција пронајден починат во с.Ново Село, телото предадено на обдукција
-->

На 11.10.2026 во 17:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Ново Село, општина Ѓорче Петров, бил пронајден починат Е.П.(69) од Грција, кој бил во лов со пријатели.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а пушката која починатиот ја носел со себе е подигната од увидна екипа за понатамошна постапка, соопшти МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Француските средношколци по средбата со Макрон повикаа на продолжување на протестите сè додека не се објават конкретни мерки
-

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти
-

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта
-

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама
-

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина
-

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ - претреси на повеќе локации
-

Македонија утре на Јуниорскиот Евросонг: Од вечерва може да се гласа за Ана Стојаноска
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
