62-ра жртва од пожарот во Кочани, во Белград почина Стојанче Стојанов

Уште еден пациент им подлегна на повредите од пожарот во Кочани, со што бројот на жртви во трагедијата се искачи на 62 лица.
Од Министерството за здравство попладнево информираа дека согласно информации од Воено - медицинската академија во Белград, денеска претпладне, на повредите подлегнал Стојанче Стефанов од Кочани, роден во 2001 година.
-Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови, веднаш е упатен на лекување во Воено - медицинската академија во Белград и кој беше интубиран и во критична состојба во изминатиот месец, појаснија од Министерството за здравство.
Станувало збор за пациент со 27 отсто зафатеност со изгореници и сериозни повреди од вдишување чад.
-Во ВМА е опериран на 4 април и поставен на ЕКМО - апарат, преку што се оксигенира крвта преку машина, заради вдишаниот чад. Но, заради сериозноста на повредите, тој поголем дел од хоспитализацијата бил нестабилен и во тешка општа состојба, додадоа надлежните.
Министерството за здравство изразува најдлабоко сочувство до фамилијата и до сите засегнати од трагедијата во Кочани.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се случи рано изутрина на 16 март.
Ново на Сител
-

Три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар
-

Снег на Попова Шапка, задолжителна зимска опрема за возилата
-

Полиција потврди дека крадците испразниле 3.000 сефови од трезорот на Шпаркасе банка во Гелзенкирхен
-

Во Норвешка речиси сите нови автомобили во 2025. беа електрични
-

Двајца загинати откако возило заврши во Радика
-

Запалениот бар во Кран Монтана имал неколку излези за евакуација, но гостите не ги нашле, тврди шефот на полицијата
-

Идентификувани 113 од 119-те повредени во пожарот во Кран-Монтана
-

Израел погодил десетина цели на Хезболах во јужен Либан
