Македонија
18. December 2021 - 12:00

56 лица возеле во алкохолизирана состојба низ Гази Баба, Бутел и Центар

Одделението за безбедност во патниот сообраќај синоќа спроведе зајакната акциска контрола на територијата на општините Гази Баба, Бутел и Центар при што изречени се вкупно 131 мерка од кои без возачка дозвола 29 мерки, две за нерегистрирани возила и 56 за возење под дејство на алкохол.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се наведува во соопштение на МВР.