-->
-->
53 мигранти пронајдени во камион, приведен криумчарот
-->
На наплатната станица „Романовце“, полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода А.Ќ.(39) од с.Стојаково, гевгелиско.
При контрола на товарно возило „ман“ со полуприколка „шмитз“, кое го управувал во правецот од Куманово кон Скопје, биле пронајдени 53 лица - мигранти, од кои 34 лица од Индија и 19 лица од Куба.
Исто така, при контролата било утврдено дека на влекачот и полуприколката биле поставени регистарски таблици кои припаѓаат на други возила. Мигрантите биле сместени во Тразитниот центар „Табановце“, а возачот А.Ќ. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Томовски: Потребно е да се набави нов државен авион, па и половен
-
24-годишник починат во када
-
Трамп ја врати Куба на листата на земји спонзори на тероризам
-
Пациенти на Онкологија останаа без биолошка терапија
-
Слот: Прерано е да се каже дека Ливерпул е најдобриот тим во светот
-
Арсенал бара напаѓач: Осимен е опција за „топџиите“
-
Алонсо со коментар за гласините кои го поврзуваат со Реал Мадрид
-
Симеоне: Нашата цел е финалето во Лигата на шампионите