5-годишно дете искасано од глава до стапала од бездомно куче во Тетово
Пет годишно дете од тетовска Мала Речица е тешко повредено од бездомно куче, и поради тоа има рани од каснувањето по цело тело, од главата па се до стопалата. Нападот се случил вчера претпладне, а околу 13 часот и 40 минути во СВР Тетово каснувањето го пријавил неговиот 57 годишен дедо.
Семејството реагира на тоа што во тетовската клиничка болница детото ја нема добиено вакцината против беснило која се дава при каснување од куче. Детото било однесено денеска во Скопје за да ја прими вакцината.
-Беше 10.30 часот пред портата кога го нападнале цел чопор на кучиња. Среќа што соседот успеал да ги избрка некако. Има каснување на цело тело, на око, на уше, на грбот, на раце и нозе, по телото. Не можев да го подигнам од што го болеше секаде. Во болница имаше шиење посебно на око, па кај друг лекар за лице, па друго место за грбот. Прими само една вакцина, а за другата против беснило мора да одиме во Скопје затоа што овде ја нема, изјави мајката Валбона Мемети.
Детето добило антитетанус, инфузија и антибиоцици, а во болничкиот извештај стои дека е консултиран инфектолог за антирабиес превенција. Потоа и дека се упатува на Клиниката за инфективни болести во Скопје, стои напишано на лекарскиот извештај.
Од раководството на тетовска клиничка болница доставија документ – договор за набавка, со кој тврдат дека има набавено таква вакцина и серум против беснило, но немаа одговор зошто детето за тоа е пратено во Скопје.
Во Тетово третман на бездомни кучиња има само во повремени периоди додека има средства за тоа кои ги издвојува општината. На 25 февруари Општина Тетово има склучено договор со ветеринарна амбуланта од Тетово во висина од 3 милиони денари за услуги во рок од една година. Сепак, веќе месец и половина амбулантата не ја врши таа услуга бидејќи средствата се потрошени.
-Со одредените средства се третирани околу 650 бездомни кучиња. Веќе месец и половина нема третман на бездомните кучиња, изјави Рами Селмани од ветеринарната амбуланта која го спроведуваше договорот.
СВР Тетово бележи 54 каснувања од бездомни куче кои се пријавени до нив во текот на 2021 година од жители на тетовскиот регион.
Ново на Сител
-
ОЈО Штип обезбеди докази за злоупотреба на службената положба и малтретирање во вршење на служба
-
Тошковски: 80 години Оддел за заштита на определени личности и објекти, заради нив сме посилни и како држава и како општество
-
Физичка пресметка помеѓу двајца војници од Кондово и Матка
-
Кривична против 42-годишен скопјанец, физички нападнал полициски службеници
-
Кривична за 38-годишен штипјанец, сторено кривично дело „разбојничка кражба“
-
Лавров по разговорите во Ријад: Не само што се слушавме, туку и се слушнавме
-
Во Штип во текот на месецов регистрирани 283 случаи на грип
-
Овчите сипаници и во јануари најчесто акутно заразно заболување