-->
-->
47-годишен охриѓанец ја оштетил таблата на клубот „Цар Борис Трети“
-->
47-годишен охриѓанец ја оштетил таблата на клубот „Цар Борис Трети“.
- На 12.10.2022 година во СВР Охрид извршен е разговор со Г.И.(47) од Охрид. Притоа, констатирано е дека тој е сторител на кривичното дело „оштетување“, извршено на рекламна табла со натпис „Цар Борис III“ поставена над објектот од здружението лоцирано во трговскиот центар „Амам“ на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, информира МВР.
Во врска со делото, предвидено во член 243 од Кривичниот законик, а во консулатација со Јавен обвинител, СВР Охрид до здружението ќе испрати известување заради нивно натамошно постапување, соопштија од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Тема на денот со проф. д-р Биљана Ангелова, актуелен и кандидат за нов ректор на УКИМ
-

Охридскиот кеј со двете пристаништа конечно ќе добие нов лик
-

Фондација Елеуса обезбеди Велигденски пакети за 220 семејства во социјален ризик
-

Македонката Мартина Димоска дел од поддршката на Артемис 2 сведочи за очекувањата во НАСА
-

Владата со пакет мерки спречува раст на цената на горивата
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Јотова подготвува офанзива во Брисел против укинувањето на ветото во ЕУ
