46 земјотреси за еден час во Албанија, најсилниот почувствуван и кај нас
Серија земјотреси ја погодија денеска Албанија, при што предизвикаа материјална штета и паника меѓу населението.
Според Рапо Ормени од Сеизмолошкиот институт во Тирана по првиот потрес почувствуван во 11:02 часот, па се до 12 часот, почуствувани се 46 потреси со различна јачина.
– Првиот потрес беше со јачина од 5,2 степени според Рихтер на 31 километар северозападно од Тирана, во подрачјето на заливот Лалзи кај Драч, на длабочина од 10 километри. Можни се и понатаму потреси со помала јачина се додека се смири тлото, изјави Ормени.
Поради паниката голем број граѓани се надвор од своите домови, институциите не работеа повеќе од еден час бидејќи вработените беа надвор, а прекин имаше и во телефонската мрежа. Засега нема информации за повредени но веќе се евидентират оштетувања на објекти. Земјотресот беше почувствуван и во Македонија, Црна Гора и на Косово.
Албанското Министерство за одбрана отвори посебна телефонска линија каде граѓаните може да се јавуваат за било каква информација или потребна помош.
Во сета паника, социјалните мрежи реагираа со иронија, бидејќи местото каде што е најсилниот земјотрес е едно од најубавите на албанскиот брег и го имаат „запоседнато“ политичарите со луксузни вили вредни милиони евра.
– Бог знае каде ја тресе земјата, онаму каде што треба, е најчестиот коментар на социјалните мрежи.
МИА
Ново на Сител
-
Тема на денот со проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува 40 минути
-
Нефер трговските практики ќе се казнуваат до 20.000 евра
-
Што ќе одлучи Бугарија по одлуките на Стразбур?
-
До крајот на јануари ќе почне примена на Законот за употреба на македонскиот јазик - Има ли државата капацитет?
-
Илјадници лица со оштетен вид не го познаваат Брајовото писмо – Недостаток на образовниот систем
-
Ветерот и снегот малку го исчистија воздухот – синоќа Скопје беше најзагаден град во светот
-
Струмица и понатаму меѓу најзагадените градови