Македонија
25. October 2023 - 11:38

46 годишна жена паднала од автобус на ЈСП

На 24.10.2023 во 13.30 часот било пријавено дека на бул.„Кочо Рацин“ во Скопје автобус на ЈСП управуван од Б.Т.(50) од Скопје за да избегне сообраќајна незгода нагло запрел, при што во автобусот паднала патничката У.А.(46) од Скопје.

Таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје