44-годишник претепал полицаец кој му напишал казна на неговиот син
Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против 44-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста предвидено во член 383 од Кривичниот законик.
На 18 октомври осомничениот, најпрво вербално со навреди и пцовки, а потоа и физички нападнал полициски службеник, барајќи објаснување зошто на неговиот син му бил издаден прекршочен платен налог за погрешно паркирање. По интервенција и на други полициски службеници, осомничениот бил совладан и приведен. Случајни минувачи го снимиле целиот настан, а снимката била објавена и на социјални мрежи.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-
МОН ги објави конкурсите за стипендии во странство, од оваа година под нови услови
-
Уставен суд поведе иницијатива по предлогот на обвинителката Ленче Ристовска
-
Случајот со обвинителот Коцевски под лупа на САД, Правда го подготвува предлогот за разрешување
-
СДСМ: Процес на партизација наместо реформи
-
Нова кривична пријава против екс-директорот на Лотарија Перпарим Бајрами кој исто како и Артан Груби е во бегство
-
Одлуките за замрзнати цени и маржи стигнаа до Службен весник
-
Николоски: Нема да одиме против УНЕСКО за автопатот