43-годишник не прифатил знак за запирање и се обидел да прегази полицаец
На 06.06.2024 во 02.00 часот на автопатот А1, во близина на село Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода Б.К.(43) од село Злеово, радовишко. Околу 01.30 часот на регионалниот пат помеѓу селата Прдејци и Смоквица, гевгелиско, тој со патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, по што со возилото се обидел да удри еден од нив. Притоа, полицискиот службеник од службениот пиштол пукал во гумата на возилото и тој застанал.
Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По документирање на случајот против Б.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Русија не исклучува контакти со САД во наредните денови
-
ЕУ ја поддржува иницијативата за мир во Украина, Лондон повикува на акција
-
Премиерот на Онтарио ја суспендираше одлуката за поскапа струја – следуваат нови трговски преговори со САД
-
Трамп ќе разговара со Путин, но предупредува: За танго се потребни двајца
-
Почна судењето на обвинетите за смртта на Марадона
-
Вашингтон ја обновува воената помош за Киев – Украина прифати 30-дневен прекин на огнот
-
Трамп ќе го покани Зеленски во Белата куќа
-
Сообраќајка меѓу две товарни возила кај кавадаречко Раец, едно лице повредено