40-годишен маж загина, а жена и дете се тешко повредени во сообраќајка кај Прилеп
Во синоќешната сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Градско, во која едно лице загина, а две се повредени, докторот во Итна медицинска помош Кавадарци Ратко Грков утрово во изјава за МИА, информираше дека повредените се жена и дете на возраст околу 30 и 10 години, кои биле со видливи скршеници.
-Возачот беше на околу 40 години, изваден со помош на противпожарната служба бидејќи по сообраќајката, беше приклештен во возилото. Беше неконтактибилен, во тешка општа состојба, со повеќе повреди по целото тело. Беше направена реанимација во кавадаречката болница, но, за жал, безуспешна, рече докторот.
Сопатничката, на возраст околу 30 години, била повредена, но, во стабилна општа состојба, свесна и ориентирана во време и простор, без видливи скршеници.
Повредено било и дете на возраст од околу десет години, со скршеници на двете бутни коски и десна подлактица.
– Сакам да им се заблагодарам на сите кои синоќа беа учесници во сообраќајот после сообраќајката и се најдоа на лице место, многу помогнаа, одамна не сум сретнал толку хумани луѓе. Тие дадоа несебична поддршка и помогнаа многу на екипите на брзата помош и противпожарната служба, нагласи Грков.
МИА синоќа информираше дека во 17.55 часот на патот Прилеп-Градско пријавено е дека се случила сообраќајна незгода помеѓу ТМВ со полуприколка и ПМВ „голф“ управувано од Д. К. (1982) од Прилеп, кај кого во 19,30 часот е констатирана смрт. Две лица со повреди се пренесени во Клинички центар во Скопје.
Ново на Сител
-

Осум повредени на протестите во Тирана, запалена општината и вратата на Министерството за животна средина
-

На протестите во Франција уапсени 135 луѓе, не се регистрирани сериозни инциденти
-

Мицкоски од Брвеница: Довербата се гради со одговорна работа и конкретни проекти
-

Ноќеска часовниците ги враќаме еден час назад - почнува зимското сметање на времето
-

Кривична пријава против две лица поради нелегален транспорт на дрва
-

Во гостиварско приведени четири лица откако биле затекнати како вршат нелегален ископ за пронаоѓање злато
-

Приведени повеќе лица за нарушување јавен рeд и мир со меѓусебна физичка пресметка, употребиле стаклен предмет
-

19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија
