4 месеци условна казна за Бугаринот кој автобуската несреќа ја нарече огнено шоу со македонска скара

Окружниот суд во Софија денеска го осуди 34-годишниот С.Б.кој автобуската несреќа ја нарече огнено шоу со македонска скара на 4 месеци условна затворска казна, која ќе биде ефективна доколку стори друго кривично дело во рок од три години, поради објавени недолични коментари за несреќата на автобусот на „Беса Транс“ во Бугарија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на соопштение на софиското Окружно јавно обвинителство, против С.Б. беше покренато обвинение за „ширење омраза“.
Според обвинението, С.Б. на 23 ноември 2021 година околу 11 часот во група на социјална мрежа објавил содржина со која ширел омраза на „основа на национална и етничка припадност кон македонскиот етнос“. Тој кон објавената содржина прикачил и фотографија од опожарениот автобус на „Беса Транс“ на автопатот „Струма“.
Обвинетиот пред Судот го признал делото за кое се товари, по што е постигнат договор да му биде изречена условната казна. Согласно постигнатиот договор, казната е ефективна и обвинетиот нема право на жалба.
Несреќата на автобусот на „Беса Транс“, што патуваше на релација Истанбул – Скопје, се случи на 23 ноември во раните утрински часови на автопатот „Струма“ во Бугарија, при што загинаа 45 лица, од кои 12 деца, а седум беа повредени.
Ново на Сител
-

Случај Ивана и Катја: Наставничката сведочеше за семејното насилство и за последниот училишен ден на девојчето
-

До сабота облачно со дожд, од недела сончево и потопло
-

Ленче Ристоска поднесе оставка од обвинителската функција
-

Мицкоски со порака за Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот: Како Влада наша должност е да создадеме општество во кое секое дете ќе има еднаква шанса
-

Балотели: Горд сум што сум Италијанец
-

Сан Антонио во серија од 10 победи
-

Голема полициска акција на МВР за детска порнографија, претреси во повеќе градови
-

„Безбеден град“: Во март констатирани 26.241 прекршоци, 68.2% намален бројот на прекршоци за минување на црвено светло
