Свет
15. July 2015 - 20:42

4 години затвор за сметководител на Аушвиц

Судот во германскиот град Лунебург го осуди на 4 години затвор   поранешниот сметководител  во  нацистичкиот концентрационен логовор Аушвиц , 94-годишниот Оскар Гронинг. Тој  е прогласен за виновен за помагање во убивањето на најмалку  300 000 евреи.

Унгарците на протест  поради владината одлука за подигнувањето   на ѕид со Србија 

Околу  илјада лиѓе  протестираа во Будимпешта поради  ѕидот кој  од вчера почна да го гради  унгарската војска  на границата со Србија  чија цел е да ги  спречи илегалните преминување на мигрантите во земјата.  За демонстрантните одлуката на владата е лоша и апсурдна. Оградата ќе биде висока  4метри и долга 175 километри.

Авион слета на  преполн автопат

Мал авион  кој останал без гориво  бил принуден итно   да се приземји  на автопатот  во Њу Џерси. На видеото  кое го  објави полицијата се гледа како  леталото слетува    на тревникот меѓу двете сообраќајни ленти, при тоа успешно избегнувајки ги возилата кои се движат на патот.   Леталото превезувало 5 лица а во инцидентот  е повреден само пилотот.