-->
-->
38-годишник од Василево физички нападнал полицаец и тешко го повредил
-->

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Р.П.(38) од Василево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „спречување службено лице во вршење службено дејствие” и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”.
На 12.12.2025, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции дале знак за запирање на возило „ауди а6“, кое го управувал пријавениот, но тој не застанал со возилото.
По преземени мерки, на магистралниот пат Крива Паланка-Куманово, кај с.Страцин, кратовско, полициските службеници го запреле пријавениот, при што тој физички нападнал полициски службеник, нанесувајќи му тешка телесна повреда.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Цената на суровата нафта би можела да падне на 70 долари за барел
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Сиљановска Давкова и Муцунски на дигитален форум во Анталија
-

За Стафа 15 месеци затвор - за Ристов обвинение
-

Судење за оддавање службени тајни, објавена комуникација меѓу обвинетите
-

Обвинетиот Јовановски физички ја нападнал сопругата пред таа да се самоубие, тврди дека бил испровоциран
-

Филипче со писмо до Брисел против Мицкоски
-

Владата ги следи цените: Засега нема вештачки поскапувања
