Loading Video...
Свет
4. August 2019 - 16:10

36 мртви е црниот биланс од двата масакри во САД

13 часа  по масовното убиство во Тексас во Соединетите држави  се случи уште еден сличен напад.   Пред бар во градот Дејтон  10  лица беа убиени а 16 повреднеи. Мегу убиените    е  и напаѓачот. Тој бил убиен од страна на полицијата Почнал да пука од пиштол  откако не му било дозволено да влезе во преполниот бар.   Нападот траел помалку од 1 минута. Полиција работи на расветлување на случајот.  Во тек е истрага и  за масакрот во Ел Пасо, Тексас. Облечен во темна маица, со штитници за уши и пушка во рацете 21 годишниот Патрик Крусиус неселективно пукал кон луѓето во трговски центар. Пред да биде уапсен  зад себе остави 20 мртви и 26 повредени. Полицијата проверува дали манифестот со антиимигрантска содржина кој напаѓачот  го постирал на социјалните мрежи пред масакрот е поврзан со случајот. Трговскиот центар се наоѓа на само неколку километри од американско мексиканската граница и жители на Мексико редовно догаат на шопинг. Тројца од загинатите се од Мексико.Нападите во Тексас и Охајо Доналд ТРамп ги опиша како кукавички чин. Со последниот масакр во САД повторно се разгореа дебатите околу дозволите за поседување на огнено оружје.