30 години Тинекс

Пред точно 30 години, „Тинекс“ ги отвори вратите на првиот маркет во населбата Карпош 3, почеток на една неверојатна приказна. Тие започнале со само 15 вработени и околу 100 производи. Но денес, со гордост стојат како еден од најголемите ланци на маркети со повеќе од 1200 вработени и вкупен асортиман со повеќе од 25.000 производи, од кои повеќе од 3000 производи се ЕКСКЛУЗИВНО достапни само во „Тинекс“.
Семејството на „Тинекс“ денес го сочинуваат: 42 маркети, сопствен логистичко дистрибутивен центар, погон за расек на месо, погон за подготовка на готвени јадења, погон за пакување, 3 трговски центри, „Ретаил Парк Годи“, 6 „Cosmo“ парфимерии, 2 ресторани „Daily Food & Wine“, 4 „To GO“ кафетерии, игротека „Big Bang“, 2 „SPOT“ продавници, туристичка агенција „Travel Solution“ и 3 менувачници, кои ги оставаат своите отпечатоци во срцата на потрошувачите.
Со годините, не само што се развиваат како бизнис, туку станаа дел од секојдневието на потрошувачите. Поддршката и довербата на потрошувачите беа непрекинато гориво за нивниот раст и развој.
ТИНЕКС И ПАРТНЕРИТЕ ја ценат лојалноста и затоа подготвија ГОЛЕМА НАГРАДНА ИГРА која трае од 23.04.2024 до 31.01.2025 година.

Во наредните 9 месеци, потрошувачите ќе имаат шанса да освојат 9 JEEP AVENGER и 315 други вредни награди.

Повеќе инфомации за наградната игра може да дознаете на https://www.tinex.com.mk/nagradnaigra.
Ново на Сител
-

Приведени девет возачи, петмина управувале возило без положен возачки испит
-

Безживотно тело на 38-годишен маж со прострелна рана пронајдено кај Смилковци
-

Мицкоски: Даваме сè од себе да реализираме проект повеќе и да создадеме подобри услови за живот на граѓаните
-

Франција стравува од ескалација на протестите, 70.000 полицајци и жандарми распоредени на улиците
-

54-годишник од Куманово истурил две шишиња бензин во семејниот дом и се заканувал дека ќе ги запали ќерката и внуката
-

Медведев против Зверев во полуфиналето на завршниот АТП турнир
-

Кривична за две лица осомничени за кражба – Полицијата пронашла украден мебел, радијатори и бела техника
-

МВР: Приведени две лица во Струга, едниот управувал возило со претходно изречена забрана, додека кај сопатникот пронајдена е дрога
