-->
-->
30 дневен притвор за Бојан Јовановски
-->
30 дневен притвор за Боки 13 и Зоран Кичеец. Шефицата на организиран криминал соопшти дека мерката е одредена по сите 3 основи. Рускоска потврди дека е одземен телефонот на Катица Јанева за да утврди дали постоела комуникација со првоосомничениот, но немало извршен претрес.
Додека обвинителката даваше изјава излезе првоосомничениот Бојан Јовановски познат како Боки 13 и изјави:
- Извинете што ве прекинувам додека кажувате лаги, мислејќи на обвинителката
Рускоска изјави дека Бојан Јовановски е приведен на граничниот премин Богородица поради опасност од бегство. Таа надева дека истрагата ќе биде проширена но не откри детали.
Претреси вечерва се извршени кај првоосомничениот Боки 13 во неговата канцеларија и во домот на неговите родители.
Мирјана Давидовска
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци
-
Статус кво на токсикологија - Догороворците си одат на работа, ДСЗИ ќе врши надзор неделава
-
Епидемијата со голема кашлица не стивнува
-
Жителите на прилепско Оревоец на Суд ќе ја бараат правдата
-
Во Скопје има 180 пожарникари, а потребни се над 450 - Подобри услови ќе бараат од новата Влада
-
Преглед на вестите од светот
-
Европската комисија повикува на почитување на Преспанскиот договор