2,7 милиони евра пронајдени во буриња кај членови на балканскиот картел | ФОТО
Во голема акција на српската полицијата и Обвинителството за организиран криминал „Изи“, разбиен е балкански картел осомничен дека се обидел да прошверцува најмалку седум тони дрога, како и договорил исплата од 4,5 милиони евра за само еден пратка во февруари минатата година. При претрес на куќи и станови биле пронајдени две снајперски пушки, три автоматски пушки, автоматски пиштол, четири пиштоли, бомба, четири пригушувачи, 24 патрони детонатор, пет направи за далечинско активирање детонатор, 13 пакувања пластичен експлозив, оптички нишан, неколку стотина парчиња муниција од различен калибар, перики, силиконски маски, поголема сума пари (само на една локација во бункерот, повеќе од 2,7 милиони евра во три пластични буриња) за која постои сомневање дека потекнува од продажба на дрога).
Младен Лазаревиќ, познат како Младенче и Мирослав Старчевиќ, познат како Деда и Џенерал, кои беа уапсени во Србија, се идентификувани како организатори на балканскиот картел, дознава српски Курир.
Групата, како што се наведува, ја сочинувале 20 осомничени, кои се осомничени за учество во меѓународна трговија со дрога.
Ново на Сител
-
Убиство во скопски Чаир
-
Мицкоски: Борбата против корупцијата останува приоритет
-
Сиљановска: Жените да атакуваат на највисоките позиции
-
Македонија на венециското биенале
-
Зелено претприемништво за млади
-
Преглед на вестите од светот
-
Oпштокорисна работа за вандалите и нивните родители кои ќе уништуваат јавни површини
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација