Македонија
24. December 2020 - 11:57

25-годишник го загуби животот - изгубил контрола над моторот и излетал од коловозот

На 23.12.2020 во 21.00 часот на автопатот Скопје - Тетово, на обиколница на град Скопје, после клучка Мирковци, Д.З.(25) од Скопје, управувајќи мотоцикл „априлија“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

По незгодата Д.З. бил пренесен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, каде им подлегнал на повредите.

Извршен е увид на местото на незгодата, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.