24-годишна девојка почина од струен удар, во обид да и помогне починала и нејзината мајка
Мајка и ќерка од село Горно Арнакија починаа од струен удар.
- На 08.03.2022 околу 14.50 часот во Полициско одделение Сарај од Итната медицинска помош е пријавено дека во с.Горно Арнакија има две женски лица починати од струен удар. Полициски службеници излегле на местото на настанот и според изјавеното од Н.С.(27) од с.Арнакија, откако околу 14.10 часот ја пронашла нејзината сестра М.С.(24) од истото село во купатилото погодена од струен удар, се упатила по помош, но во меѓувреме нејзината мајка З.С.(57), при обид да ѝ помогне на М.С., била погодена од струен удар, информира МВР.
Од Итна медицинска помош е констатирана смрт кај двете лица. Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по насока на Јавен обвинител телата на починатите се предадени на семејството.
Ново на Сител
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
