Македонија
24. March 2021 - 17:25

23-годишен пациент меѓу починатите од Ковид-19

Пациент на 23-годишна возраст е најмладиот од 17 починати како резултат на компликации од коронавирус во последните 24 часа. Највозрасниот починат имал 90 години, соопшти Министерството за здравство.

Од починатите 17 пациенти, 8 се од Скопје, двајца од Прилеп и по едно починато лице е пријавено од Штип, Кочани, Куманово, Охрид, Кичево, Крива Паланка и Виница.