20.000 евра казна за сопственик на два папагали - Им ги пресекол крилата за да се сликаат со туристи на Халкидики
Два папагали од видот Макао со пресечени крила се наоѓале на плажа во Пефкохори на Халкидики со цел туристи да се сликаат со нив, а по спроведена акција, сопственикот бил казнет со 20.000 евра, а папагалите одземени, јави дописничката на МИА од Атина.
Веста ја објави на социјалните мрежи групата волонтери за спасување и заштита на животни „Animal Rescue and Defence Squad“, која посочи дека учествувале „во исклучително успешна операција заедно со грчката полиција од Касандра, шумската служба на Халкидики и општина Касандра“.
Објаснија дека по наредба на обвинител, „двата папагали Макао кои се користеа за профит на плажата на Пефкохори беа одземени“, паралелно била поднесена тужба за пасивна злоупотреба и била изречена соодветна административна казна во висина од 20.000 евра.
Да се надеваме дека ќе помогнеме да се намали феноменот на користење на животни за профит, коментираа од невладината група.
Ново на Сител
-
Зголемени цените на становите во вториот квартал од годинава
-
Напад со руски дронови врз Ровно, загрозен е енергетскиот систем
-
Меси: Ова што го направи Аргентина е лудо
-
Данокот на шеќер за безалкохолни пијалаци ја намали потрошувачката на шеќер во Велика Британија
-
Истрага против сопругата на поранешниот претседател на Франција, Карла Бруни
-
Сенаторот Бенет јавно изрази сомневање во способноста на Бајден да победи на изборите
-
ИДФ нападна позиција на Хезболах во централен Либан
-
Три 16-годишни момичиња останале заглавени среде надојдената Треска - биле спасени околу полноќ