-->
-->
20.000 евра казна за фирмата која нелегално фрлаше градежен шут во Долно Лисиче
-->
При вонреден инспекциски надзор во скопско Долно Лисиче, на локацијата позната како „Купишта“, бил затекнат камион како незаконски одлага градежен шут, спротивно на Законот за управување со отпад.
Од Општина Аеродром информираа дека општинскиот инспекторат издал прекршочен платен налог за правното лице, согласно член 130 од Законот, а за прекршокот била изречена глоба од 20.000 евра во денарска противвредност.
Од општината велат дека ќе продолжат со засилени инспекциски контроли со цел спречување на загадувањето и создавањето диви депонии на нивната територија.
Воедно, упатен е апел до граѓаните и компаниите совесно да постапуваат со отпадот и да ги почитуваат законските прописи, бидејќи за несовесно однесување ќе следуваат санкции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
