20 ГОДИНИ НЕОТЕЛ: Прослава на две децении пионерство во телекомуникациите
Вчера во Музејот на современа уметност во Скопје, НЕОТЕЛ ја прослави својата 20-годишнина заедно со своите клиенти, соработници и вработени кои придонесоа за успехот на компанијата. Настанот беше одбележан со одличен настап на бендот „Фолтин“ како и пригоден говор од директорот Даме Цветковски, кој ги потенцираше клучните моменти од историјата на компанијата.
„Во текот на целата своја историја, НЕОТЕЛ беше пионер во освојување на ИКТ технологиите, применувајќи IP телефонија, фиксен безжичен интернет преку WiMAX и IP телевизија, тогаш технологии во зачеток, правејќи секогаш чекор пред времето. Иновативноста и истражувачкиот дух беа резултат на ентузијазмот и компетентноста на тимот на НЕОКОМ и академските професори“ изјави директорот. Тој исто така го нагласи значењето на вработените и основачите на компанијата, кои со својата визија и посветеност го поставија патот кон успехот.
Во своето обраќање, господинот Цветковски додаде: „Од самиот почеток, моторот на нашата компанија беа млади инженери кои ги заменија универзитетските клупи со канцелариски бироа, компјутери, мрежна и комуникациска опрема. Тие се развија во извонредни професионалци и денес, со истиот ентузијазам како и тогаш, продолжуваат да работат со страст и посветеност.“
Настанот ја потенцираше долгогодишната посветеност на НЕОТЕЛ кон иновации, високи стандарди и професионализам, вредности кои остануваат клучни и за годините што следат.
Како дел од одбележувањето на 20-годишниот јубилејот, НЕОТЕЛ подготви специјална понуда за сите домашните корисници, 50% попуст на сите пакети во првите 12 месеци, како и бесплатен HBO пакет за првите 6 месеци. За повеќе детали проверете на www.neotel.mk
Ново на Сител
-
Утре променливо облачно со повремен дожд, температура до 25 степени
-
Израел во состојба на готовност: Илјадници војници се префрлија на север поради страв од одмазда на Хезболах
-
Муцунски: Членството во НАТО придонесува за зајакнување на колективната безбедност
-
ЦУК апелира за редовно чистење на локалните одводни канали
-
Пациент почина на Инфективна поради компликации од Западно-нилска треска
-
Македонија воздржана: Генералното собрание на ОН ја поддржа палестинската резолуција за ставање крај на израелската окупација
-
Три последователни земјотреси ја погодија Грција
-
Софија реагира и обвинува за „провокации и навреди“ од Скопје