18-годишна девојка од Урошевац силувана и измачувана до смрт од страна на двајца Албанци

Еден државјанин на Албанија е осуден доживотна казна затвор, а друг на 15 годинишна казна поради убиство на осумнаесетгодишна девојка која исто така била од албанска националност, известува Газета експрес.
Според обвинението, на 21.08.2021 година околу 10.14 часот во неговиот стан во Урошевац, без нејзина согласност, осудениот го принудил починатото девојче на сексуален однос, кој бил проследен со тортура, на тој начин што најпрво ја силувал во дневната соба, а по сексуалниот чин ја испратил гола во бањата, од каде насилно ја испратил во спалната соба. Со текот на времето, поради тешката здравствена состојба, девојката ја изгубила способноста за отпор од извршеното насилство, а насилникот уште два пати сексуално ја злоставувал.
Тој земал стап и заедно со друг Албанец влегол во собата и ја тепале девојката на различни делови од телото, нанесувајќи и’ голема физичка и психичка болка.
Од ударите девојчето се здобило со повеќе повреди, а како директна последица од тепањето следела смрт, како и трауматски шок, кои се резултат на надворешно крварење и внатрешно крварење, од скршеници на коската на долната вилица, скршеници на ребра, лева клучна коска, вратни пршлени.
Сепак, двајцата не беа осудени за силување и помагање во силување, бидејќи судот оцени дека нема докази што укажуваат дека тие го сториле тоа кривично дело.
Основниот суд во Урошевац денеска ја објави пресудата против убијците за убиство на осумнаесетгодишно девојче. Осомничениот е осуден на доживотен затвор, а вториот напаѓач на 15 години затвор.
Ново на Сител
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
-

Намален прометот во индустријата во јануари
-

Пролетна акција за чистење во Скопје, институциите заедно за почиста и уредена урбана средина
-

Савески изгласан за нов државен јавен обвинител
-

Татко крадел пари од црква додека со него било неговото малолетно дете
-

Валандовец украл автомобил и го управувал без возачка
-

Иран ги предупредува САД дека ќе се соочат со „нов Виетнам“ ако испратат војници
