-->
-->
17 првачиња од ОУ Гоце Делчев во Центар од денеска во изолација
-->

Од денеска 17 првачиња од ОУ Гоце Делчев во општина Центар одат во домашна изолација по позитивниот тест за Ковид-19 на нивната наставничка.
Директорката на училиштето Нада Моларовиќ за Сител изјави дека наставничката добила симптоми во недела и вчера била на тестирање. Најверојатно се заразила од член на нејзиното семејство кој бил позитивен на вирусот.
Во изолација е уште една наставничка која ќе оди на тестирање во недела по што ќе знаат дали има корона или настинка. Од училиштето велат дека уште синоќа ги известиле родителите за новонастанатата ситуација а вонредно ја дезинфецирале и училницата каде предавала позитивната наставничка.
Сања Димитровска
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Предложените членки на Судскиот совет ги избрав според нивната стручност, компетентност, но и професионален и личен кредибилитет
-

„Оне Македонија телекомуникации“ избран за трет мобилен оператор, тече рокот за уплата на еднократниот надомест од 8.020.003 евра
-

Вонредна состојба поради невремето во 10 српски општини
-

Гаши е за редовни избори, но не и за техничка влада
-

Во Идризово при претрес пронајдени 220 таблети кај затвореник
-

Со автомобил влечел тинејџерки на санка во Србија, при падот тие биле прегазени од друго возило
-

Струмичанец со автомобил удрил полициски службеник и побегнал
-

Обид за грабеж на бензинска пумпа во Кисела Вода
