165 санкционирани возачи во Скопје, 28 за пребрзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се 165 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 28, 21 санкција за возење без возачка дозвола,10 санкции за управување под дејство на алкохол.
Изречени се 12 санкции за користење на мобилен телефон, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за некористење сигурносен појас, пет санкции за недавање првенство на минување на пешаци и 50 мерки за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
Ново на Сител
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен
-
Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите за соработка
-
Џафери на регионален самит во Котор
-
Маричиќ ги презентираше приоритетите од планот за раст
-
Младите против врсничко насилство
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија