Македонија
6. February 2024 - 8:11

162 санкционирани возачи во Скопје

Во текот на вчерашниот еден (05.02.2024), МВР продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои 30 санкции за непочитување на брзината на движење, 15 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за некористење на сигурносен појас, пет мерки за користење на мобилен телефон при управување...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.