Македонија
30. May 2021 - 10:27

160 сообраќајни прекршоци во Скопје, 76 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.05.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 76 санкции, шест за возење без возачка дозвола, десет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Изречени се три санкции за користење мобилен телефон, 27 санкции за непрописно паркирање и три санкции за минување на црвено светло.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.