-->
-->
16-годишна девојка со нож го прободела својот татко во Пробиштип
-->

На 30.01.2025 во ОВР Пробиштип било пријавено дека околу 09.40 часот во семејниот дом, по претходна расправија помеѓу родителите, 16- годишно девојче од Пробиштип со остар предмет го нападнало и нанело убодна рана на својот татко И.А.(46).
Тој бил пренесен во Здравствен дом Пробиштип каде му била укажана помош, а по извршен преглед малолетничката била пренесена во здравствена установа.
Во ОВР Пробиштип, во присуство на претставници од Центарот за социјални работи Пробиштип, бил извршен разговор со нејзината мајка и другите две деца. За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Штип.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преговорите за Изборниот законик пред пропаст
-

Нов внатрешен судир ја тресе СДСМ
-

Анкета: Голем број граѓани поддржуваат да се ограничи пушењето цигари на јавни места
-

Европските либерали изгласаа итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границите
-

Експерти: Насилствата меѓу малолетниците станува брутално
-

Од утре се очекува зголемување на цените на бензинот и дизелот
-

СДСМ нема да го поддржи ребалансот на буџетот
-

Преглед на вестите од светот
